Патнички авион се врати на аеродромот во Бирмингем веднас по полетувањето поради пожар
МИА , 05.08.2010
Лондон, 4 август 2010 (МИА) – Авион на британската чартер компанија „Монарх“ синоќа се врати назад на аеродромот во Бирмингем само десет минути по полетувањето, поради пожар на еден од моторите. Како што јави дописникот на МИА од Лондон, авионот летал на редовната чартер линија со туристи кои патувале на одмор во Тенерифе на Канарските острови. Никој од вкупно 213-те патници во авионот не е повреден во овој инцидент.
Претставник на аеродромските власти изјави дека авионот сосема безбедно слетал назад на бирмингемскиот аеродром и притоа немало потреба да интервенираат противпозарните служби, затоа што пожарот самиот се изгаснал.
Некои од патниците изјавија дека веднаш по полетувањето забележале оган на левиот мотор на авионот, а потоа и црн чад. Дел од патниците велат дека имало мало тресење на леталото, но претставникот на компанијата „Монарх“ објасни дека ведаш по слетувањето е утврдена причината за „малиот пожар“. Тој нагласи дека во ниту еден момент немало опасност за безбедноста на патниците, но дека било решено авионот веднаш да се врати назад. Патниците уште синоќа беа префрлани за Шпанија со друг авион. ти/сп/7:23
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк