Дневник, 16.08.2010

 

Авиокомпанијата „Мат Ервејс“ најавува дека од септември ќе ја зголеми конкуренцијата во македонскиот авиобизнис. Оваа компанија, која е сопственост на српската Метрополитен инвестмент груп, летово веќе превезуваше патници за аранжманите на агенцијата „Кон тики скај“. Првите луѓе на „Мат Ервејс“ најавуваат летови од Скопје и Охрид кон Швајцарија, Германија и Италија. Од „Мат Ервејс“ планираат да влезат и на косовскиот пазар. Ова е втора регистрирана македонска авиокомпанија. На домашниот пазар веќе постои „Ерлифт сервис“ на „Скај вингс“ – компанија која од воздухопловната власт има дозвола да изведува редовни летови. Жарко Настоски