Алфа ТВ, 17.08.2010

 

Ирански борбен авион од типот F4 се урна во јужниот дел од земјата, во близина на нуклеарната електрана што наскоро треба да почне со работа – информираат локалните медиуми.Пилотот и копилотот успеале да се катапултираат од леталото пред тоа да се урне и сместени се во болница.Инцидентот се случил околу 10 часот утринава, по локално време, на шест километри од Бушер – пренесува Бета.Причините за несреќата се уште не се познати.Иранската војска поседува американски борбени авиони од типот F4, набавени уште пред Исламската револуција од 1979 година.Нуклеарната електрана во Бушер, прва во Иран, што се гради во соработка со Русија, би требало в сабота да почне со работа.