МИА , 26.08.2010

 

Атина, 26 август 2010 (МИА) – Спасувачките екипи го пронајдоа телото на пилотот на еден од воени авиони Ф-16, кои се судрија денеска во близина на Островот Крит. Телото на загинатиот пилот е пронајдено во морето по повеќе од два часа по несреќата. Двајцата пилоти од другиот авион успеале да се катапултираат и се пронајдени во морето јужно од Островот веднаш по несреќата. Два грчки воени авиони Ф-16 се судрија денеска во воздушниот простор југозападно од Островот Крит. И двата авиони се од составот на 340-та ескадрила од воената база на НАТО во градчето Суда на Крит. Инцидентот се случил за време на воена вежба. аа/ми/17:40