МИА, 29.08.2010

 

Владата на САД утврди план за спојување на две американски компании -„Јунајтед ерлајнс” и „Континентал” – во една, јавија американските медиуми.Спојувањето беше одобрено од страна антимонополските органи на Европската унија.„Јунајтед Ерлајнс” и „Континентал” заедно тие имаат околу 87.000 вработени во целиот свет, сервисираат 370 дестинации во 59 земји, а вкупниот промет изнесува 29 милијарди долари.Флотата брои 700 авиони. Договорот, кој се очекува да биде потпишан до 1-ви октомври, изнесува 3 милијарди долари и ќе им помогне на двете фирми да ги намалат трошоците и да ги зајакнат нивните позиции, со оглед на зголемената конкуренција од нискобуџетните авиопревозници.Обединетата авиокомпанија ќе стане најголема во светот. Нејзиниот удел на светскиот пазар се очекува да биде на 6 отсто, а на внатрешниот, американски пазар – над 20 проценти.Седиштето на новиот гигант ќе биде во Чикаго, во сегашната централа на „Јунајтед ерлајнс”, пишува Бгнес. И сегашната најголемата авионска компанија во светот „Делта” -исто така е американска.