МИА, 11.08.2010

 

Белград, 11 август 2010 (МИА) – Компанијата „Јат ервејз“ од Хрватска бара имот вреден околу 60 милиони евра, а од останатите републики на поранешна Југославија околу десет милиони евра, изјави денеска директорот за корпоративни работи на српскиот авиопревозник Милан Цвејиќ, јави Танјуг. „Јат ервјез“ поради тоа поднесе тужба против Хрватска и компанијата „Кроација ерлајнс“ до судот во Загреб, но до денеска од не е добиен одговор од хрватска страна.

Цвејиќ нагласи дека Хрватска се обидува „на секој можен начин да го избегне враќањето на имотот на ЈАТ, искористен за основање на нивната воздухопловна компанија“. Според Цвејиќ „Јат ервејз“ опфатил околу 90 проценти од имотот на „Кроација ерлајнс“, при основањето на компанијата. – На хрватското правосудство му поднесовме барање за мирно решавање на тој спор, бидејќи имаме проценка на имотот во вредност од околу 60 милиони евра во Хрватска.

Во тој имот имаме станови, деловни простории, продажни места и друго, рече Цвејиќ. – Ние го потпишавме договорот за сукцесија и што се однесува до нас сметаме дека нема потреба да потпишуваме што било друго. Со Договорот за сукцесија, кој го потпишаа сите поранешни ребулики, точно е дефинирано дека целиот имот им се враќа на сопствениците, додаде Цвејиќ. ац/17:08