Децата патуваат одвоено од возрасните во авионите на „Ер Франс“
Сител, 31.08.2010
Француската авиокомпанија „Ер Франс“ за да ги заштити од евентуални акти на педофилија малолетниците кои патуваат без придружба во авионите на компанијата, одлучи тие да патуваат одвоено од другите патници. Целта на одлуката на француската авионска компанија е да се избегнат обвинувањата за сексуални напади во нејзините авиони. Одлуката на „Ер Франс“ доби одобрување од Генералната дирекција за цивилна авијација на Франција, која смета дека оваа мерка е во согласност со општите мерки за борба против педофилијата. Синдикатите на „Ер Франс“, од нивна страна сметаат дека мерката е ризична поради безбедноста на децата во авионите. Со најновата мерка на „Ер Франс“ не е дозволено во ист блок на седишта да седи едно малолетно дете до возрасен, освен во случај ако авионот е полн. Новиот прирачник за летање беше подготвен во февруари годинава, откако на неколку летови кон САД биле забележани поплаки. Бројката на поплаките е доверлива и „Ер Франс“ нема намера да прави рекламам а правните служби на компанијата стравува од обвинувањата против компанијата дека од негрижа дозволила вакви акти. Прирачникот на „Ер Франс“ сепак појаснува дека присуството на еден возрасен патник во соседниот блок на седишта во истиот ред е задолжителен, поради безбедноста на малолетниците. Според синдикатите, оваа мерка не е во согласност со безбедносните мерки во авионите, кои бараат во случај на губење на притисокот во авионот, возрасниот патник прв да стави маска за кислород и потоа тој да му ја стави на детете седнато до него. Исто како и плановите за ургентена евакуација на авионите кои бараат децата да бидат ставени меѓу два возрасни патници. Мерката е веќе на сила во британската компанија „Бритиш Ервајс“, која беше осудена за дискриминација и на казна од 4.167 евра откако побарала од еден маж да го смеи седиштетот бидејќи бил седнат до дете. За да избегне да биде обвинета за дискриминација, „Ер Франс“ оваа мерка на оддалечување на малолетните деца од возрасните ја применува еднакво како за мажите, така и за жените. Повеќе информации во врска со опциите за форматирање
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк