МИА , 06.08.2010

 

Замбоанга, 5 август 2010 (МИА) – Во силна експлозија на аеродром во јужниот дел на Филипини едно лице загина, а деветмина се повредени. Експлозијата се случила пред патничкиот излез на аеродромот во градот Замбоанга.

Филипинската полиција се уште утврдува дали загинатото лице на себе носело експлозив. Филипинската провинција Сулу се простира јужно од градот Замбоанга и е упориште на милитантната група Абу Сајаф позната по бомбашките напади и киднапирања. Абу Сајаф е поврзана со Ал Каеда. ми/15:12