ИНФОРМАЦИЈА ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА АЦВ НА МЕЃУНАРОДНО ПОЛЕ
Брисел, 17.03.2011
ИНФОРМАЦИЈА ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА АЦВ НА МЕЃУНАРОДНО ПОЛЕ
На 17 март 2011 година, Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство д-р Дејан Мојсоски, во својство на Шеф на делегацијата од
Република Македонија учествуваше на 92-та Сесија на Проширениот комитет за надоместоци од прелети (Enlarged Committee for route charges), која се одржа во седиштето на Eurocontrol во Брисел. По неговото именување за директор на Агенцијата на 27.12.2010 година, ова е негово прво учество во работата на ова тело кое има многу значајна улога и има доста извршни функции во смисла на надзор на системот за надоместоци и на подготвување на одлуки за Enlarged Commision.Овој комитет помага во работата на CRCO, исто така им овозможува на земјите членки да го надгледуваат функционирањето на заедничкиот систем и ја известува проширената Комисија во врска со средствата што се потребни за работа на системот за
надоместоци од прелети како и за средствата потребни за Националните надзорни власти, во смисол на надзор над работењето на давателите на услуги. (повеке за работата на овие тела види на ( http://www.eurocontrol.int ).
Пред усвојувањето на агендата на сесијата, г-динот Адријан Петреску, во својство на претседавач на Enlarged Committee,му го честиташе именувањето за Шеф на делегација на д-р Дејан Мојсоски и му посака добредојде и успешна понатамошна работа во ова тело.
По усвојувањето на агендата се премина на работа на овој комитет. Во текот на сесијата се разгледаа и се одработија многу точки меѓу кои и следниве:
- ажурирање на SES (Single European Sky) имплементацијата;
- Извештај од работната група за надоместоци од прелети за нејзините активности околу промените на документите-“Принципи за воведување на трошковна основа за надоместоци од прелети и пресметка на “unit rate” и “Услови за примена на системот за надоместоци од прелети и услови за плаќање”;
- погледи и размислувања на корисниците на услуги од воздухопловната индустрија како и нивните очекувања за тросошите и надоместоците за 2012 година;
- извештај на директорот на CRCO за специфичните стратешки интереси;
- техничка интеграција на нови земји членки во системот за наплата на надоместоци од прелети;
- процедури за одобрување на материјали со коресподенција;
- методи за предвидување на пресметковните единици во 2011 година;
- разгледување на проблемите околу наплаќањето на надоместоците од страна на воените власти на САД и Канада, статусот на летовите, напластените долгови, проблемите околу сметководствените прикази на истите и преземање на потребни чекори за донесување на конечна одлука за разрешување на овие проблеми;
- донесување на одлука за задржување на воздухоплови на авиокомпании кои ги немаат подмирено своите обврски по однос на надоместоците од прелети, и
- утврдување на датуми за следните сесии на проширениот Комитет за надоместоци од прелети.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк