Скопје, 29.06.2011

 

Делегација од Агенцијата за цивилно воздухопловство предводена од директорот д-р Дејан Мојсоски, од 14 до 16 јуни 2011 присуствуваше на Годишната конференција за воздухопловна безбедност насловена како“Зголемување на глобалната воздухопловната безбедност – идни предизвици”, што се одржа во Виена. На конференцијата, во организација на EASA(European Aviation Safety Agency), a во соработка co FAA(Federal Aviation Administration), присуствуваа делегации од IATA, EASA, FAA, EU Commission, ICAO, SESAR YU, EUROCONTROL, ICCAIA, Airbus, Boeing и др.

Конференцијата, директорот Мојсоски ја искористи за оставрување билатерални средби, директорот на ЕUROCONTROL-г-дин Давид Мекмилан, заменик директорот на ICAO-Safety Management and Monitoring Air Navigation Bureau-г-дин Мохамед Еламири, со претставниците на EASA, како и со многу други претставници и експерти.

Како резултат на конструктивните разговори со заменик директорот на ICAO-Safety Management and Monitoring Air Navigation Bureau-г-дин Мохамед Еламири, на 22.06.2011 година до директорот Мојсоски, пристигна писмо од г-динот Иван Галан -Директор на бирото на ICAO за техничка соработка, во која ја потврдува заинтересираноста на ICAO за техничка помош и совети во развојот и имплементација на проекти во целиот спектар на воздухопловството, кои имаат за цел подобрување на сигурноста, ефикасноста и оперативната безбедност.

Во истото писмо се истакнува подготвеноста ICAO за обезбедување на целокупна помош во осигурување на постојаниот развој во сите полиња на воздухопловната безбедност во АЦВ, вклучително и на помош на полето на зајакнувањето на способноста за воздухопловен надзор, летачката оператива, воздухопловнот право како и други области.

По повод големото значење на конференцијата, Градоначалникот на Виена организираше свечена вечера во градскиот дворец на Виена, на која присуствуваше и делегацијата од АЦВ. Пријателската атмосвера беше искористена за дополнителни конструктивни разговори во врска со безбедноста.

Како одговор на очекувањата на воздухопловната индустрија за нов пристап кој ќе помогне кон напредните предизвици во правец на зголемената безбедност, се одржаа повеќе панел дискусии и воркшопови од високопрофесионални експерти во повеќе области.

За повеќе види на http://easa.europa.eu/conf2011 .