Директорот на АЦВ Мојсоски потпиша Меморандум и парафираше Спогодба за отворено небо меѓу Македонија и САД
Скопје, 19.07.2011
Директорот на АЦВ Мојсоски потпиша Меморандум и парафираше Спогодба за
отворено небо меѓу Македонија и САД
Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави, го парафираа текстот на Спогодбата за отворено небо во воздушниот сообраќај и потпишаа Меморандум за имплементација на Документот, меѓу двете земји на реципроцитетна основа Спогодбата и Меморандумот, во име на Владата на Република Македонија, ја парафира директорот на АЦВ д-р Дејан Мојсоски, со овластеното лице од страна на американската Влада, Вендел Валбрајт, директор на Бирото за воздухопловство.
Парафирањето на двата документи, кој се од исклучително значење за јакнење на добрите пријателски односи меѓу двете држави, обезбедуваат правна основа за либерализација на воздушниот транспорт и да го промовираат меѓународниот воздушен сообраќај.
Спогодбата и Меморандумот имаат за цел на патувачката јавност да и обезбедат поголеми можности при изборот на услуги, како и да ги поттикнат авиопревозниците на двете земји да креираат иновативни и конкурентни цени на услугите, но и да обезбедат највисок степен на сигурност и безбедност во воздушниот сообраќај.
Со ставањето на потпис на Меморандумот, двете делагации ги потврдија своите очекувања дека Спогодбата ќе се имплементира, на заедничка и реципроцитетна основа помеѓу двата воздухопловни авторитети, односно ќе озвоможи предвремена примена на текстот.
Спогодбата и Меморандумот предвидуваат слободна пазарна конкуренција, без рестрикции во однос на линиите, бројот на авиопревозниците кои ќе го реализираат сообраќајот, капацитетот, фрекфенциите, односно типовите на воздухоплови кои ќе сообраќаат од и до оваа прекуокеанска дестинација.
Со двата документи им се дава право на авиопревозниците, сами да ги одредуваат тарифите, согласно пазарните услови, како и продажбата на авио билетите, а истите се однесуваат како на редовниот, така и на чартер сообраќајот.
Спогодбата и Меморандумот даваат широки можности за влегување на авиопревозниците во комерцијални аранжмани, што пак преставува извонредна поволност за нивно рентабилно работење.
Air Services Agreement |
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк