Скопје, 20.07.2011

 

Мојсоски: Преку отворање на небото за САД до подобри економски релации, и брз, ефикасен и поефтин авиотранспорт за македонската дијаспора

– Потпишувањето на Спогодбата за отворено небо и Меморандумот за имплементација на документот ќе ги зајакне добрите пријателските врски меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави. Очекувам, либерализацијата на воздушниот сообраќај меѓу двете земји, да ги подобри економските релации, да влијае врз развојот на туризмот, но и да и овозможи на македонската дијаспора побрз, поефикасен и поевтин авиотранспорт до матичната земја.На македонските граѓани пак, да им ја отвори можноста за посета на своите најблиски на американскиот континет, изјави директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д-Дејан Мојсоски, непосредно по потпишувањето на двата документи. Тој очекува директното поврзување на Македонија со прекуокенските дестинации, што поскоро да стане дел од реалноста.
Отворањето на небото за САД, според Мојсоски, како врз зајакнувањето на економските врски, битно ќе влијае и врз зголемувањето на бројот на авиокомпаниите кои ќе оперираат во земјава, но и врз потикнувањето на можноста за отворање на нови работни места.