Скопје, 11.09.2011

 

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија д-р. Дејан Мојсоски потпиша Договор за дозвола со претставникот од EUROCONTRОL за користење на ELPAC тестот.

Со овој договор на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и се доделува Лиценцата за користење на ELPAC тестот со цел тестирање на највисоко ниво на познавање на англискиот јазик на овластени контролори на летање и студенти контролори на летање како и на контролори на воздушни воени операции.

Licence Agreement CAA Macedonia-ELPAC
Договор за дозвола – ELPAC