Скопје, 12.09.2011

 

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија д-р. Дејан Мојсоски потпиша Меморандум за разбирање со Директорот на Италијанската воздухопловна власт г. Alessio Quaranta за административна билатерална примена на Спогодбата ЕЗВО.

Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање двете воздухопловни власти се заложија за примена на Спогодбата за европска заедничка воздухопловна област како и јакнење на соработката помеѓу двете земји со цел либерализација на воздушниот транспорт помеѓу Италија – Македонија.

Меморандум за разбирање Македонија – Италија