Скопје, 31.01.2012

 

Агенцијата за цивилно воздухопловство денес 31.01.2012 (вторник) издаде Уверение за работа на Школскиот центар за обука на персонал на Контрола на летање.

Во центарот за обука на М НАВ, ќе се едуцираат контролори и помошници контролори на летање за оперативните потреби на македонската навигација.
Оперативниот центар за обуки, ќе започне со работа од 01.02.2012 година.
Сертификацијата на школскиот центар, АЦВ ја изврши врз основа на директивата на ЕУ за лиценцирање на персонал во Контролата на летање, која се применува во земјите членки на ЕУ.
Истата е во согласност со препораките на Европската комисија за имплементација на пакетот регулативи – единствено европско небо.