Скопје, 01.02.2012

 

Владата на Република Македонија, на последната седница, со одлука објавена во Службен весник бр 14.од 2012 година, и ги додели на трајно користење, без надомест деловните простории на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Ваквата одлука на Владата е резултат на досегашната успешна соработка меѓу двете институции, како и разбирањето, кое го покажа таа, за зајакнување на капацитетите за работа и подигнувањето на функционалноста на АЦВ.

Се во насока на, постигнување на највисокото ниво на квалитет во сите аспекти на регулирање на цивилното воздухопловство, а со цел, обезбедување безбеден и ефикасен воздушен транспорт целосно интегриран во транспортната мрежа на Европа, преку кој АЦВ, придонесува за развојот на Република Македонија.

Одлука влада простории