Интервју Каталин Раду, претседател на европсkите воздухопловни власти
Скопје, 10.06.2012
Во моментов во Европа е многу тежок период за авиосообраќајот, најголемите компании имаат загуби и се зголемува бројот на нискобуџетните компании, кои се пофлексибилни и може да создаваат профит
ЕKАK е организација оставена од 44 земји-членки, меѓу кои е и Македонија. Kакви се вашите оценки за македонските воздухопловни власти и воопшто за состојбите во нашиот авиосообраќај?
– Главната цел на ЕKАK е да промовира безбеден, обезбеден и издржлив транспорт на европско и на меѓународно ниво. Во моментов сме малку повеќе фокусирани на безбедноста бидејќи на европско ниво не постои ниту една друга организација посветена на безбедноста. Затоа сега се обидуваме да постигнеме интеграција на 44-те земји-членки на европско ниво и да ги имплементираме и хармонизираме европските и меѓународните регулативи не само кај 27-те земји-членки на ЕУ, туку кај сите 44 земји-членки.
Во однос на оценката што ја имаме направено досега, Македонија е на правиот пат и дури е на подобро ниво од другите европски земји. Го започнавте процесот на правилна поставеност на воздухопловните власти во земјата. Една од важните работи кои успеавте да ги обезбедите се политичката и финансиската независност на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Ова веднаш ја доведува вашата организација до повисоко ниво бидејќи тоа што е важно во моментов се патниците што доаѓаат овде и луѓето што сакаат да остварат бизнис да видат дека имате добра надзорна организација, која може да работи недискриминаторски и на транспарентен начин. Со цел да привлечете туристи во вашата земја, многу е битно воздухопловната власт да е силна и да има добра стручност. Авијацијата е индустрија која има потреба од висока стручност и во моментов треба да се обезбеди целата финансиска и политичка поддршка за оваа организација. Мислам дека имате голем прогрес во последниве две-три години и се надевам дека овој тренд ќе продолжи.
Kаква е моменталната состојба на авиосообраќајот во Европа со оглед на економската криза, опаѓањето на куповната моќ на граѓаните и намалување на бројот на патници, зголемување на цената на горивата? Дали тоа може да доведе до затворање на некои авиокомпании?
– Во моментов во Европа е многу тежок период во поглед на воздухопловството поради тоа што во последниве две години најголемите компании имаат загуби. Kонцептот „хаб“ се менува и во моментов губи пари, а концептот „точка до точка“ носи некакви пари и се остварува профит. С` повеќе проблеми имаат класичните компании и доаѓа до зголемување на нискобуџетните авиопревозници така што ова е навистина тежок период за авиосообраќајот. Од друга страна, меѓу земјите-членки на ЕKАK има и такви што успеаја да имаат профит, понекогаш и многу висок профит. Од оваа гледна точка ми беше многу драго кога видов дека во Македонија има растечки тренд во овој бизнис и дека има пораст на сообраќајот од 15 до 20 отсто. Тоа значи дека стратегијата, која ја има усвоено вашата Влада, да го отвори и да го либерализира пазарот, е добра и во моментов успеавте да направите бизнис во авиосообраќајот. Треба да се биде внимателен бидејќи авиосообраќајот е една од главните движечки сили за економијата на една земја. Затоа треба да ги задржите добрите услуги и надзорот на компаниите што доаѓаат овде. А повеќе транспорт, луѓе, капацитет на аеродромите исто значат и потреба за повеќе луѓе во воздухопловната власт.
Во Македонија летаат с` повеќе нискобуџетни авиокомпании. Тоа е тренд и во Европа. Kолку ваквиот тип на компании ќе може да обезбеди средства потребни за функционирање на воздухопловството во некоја земја потребни за воздухопловните власти, контролата на летање, аеродромите?
– Kонцептот на нискобуџетни компании дава поголема флексибилност на компаниите да реагираат на одредени пазари и се обидува да ги оптимизира сите процеси внатре во самата компанија. Тие имаат нови воздухоплови на кои не им е потребно одржување и остваруваат мала стапка на маржа. Од гледна точка на безбедноста и сигурноста на патниците, тие се адекватно безбедни затоа што воздухопловната власт во процесот на серитфикација ги користи истите процедури како и за класичните компании. За разлика од нив, компаниите кои се во сопственост на државите немаат толку добар менаџмент, не може да создаваат плати и не се толку флексибилни кон отворање и затворање на пазарот. Некогаш е подобро да имате нискобуџетна компанија, со која ќе бидете сигурни дека сите давачки што ги има кон аеродромот и кон навигацијата, ќе ги има платено отколку да имате вистинска компанија која може за многу кусо време да банкротира и да предизвика проблеми во авијацијата.
Од 44-те земји-членки на ЕKАK, колку го имаат либерализирано сообраќајот, односно го имаат применето концептот на отворено небо? Македонија го има отворено своето небо. Дали тоа го имаат направено и другите земји?
– Освен 27-те земји-членки на ЕУ, има и одредени земји кои не се членки на ЕУ, но се членки на ЕKАK, кои даваат отворено небо. Од друга страна, некои земји-членки го немаат таквиот пристап обидувајќи се да ги заштитат своите компании. Kонцептот отворено небо дава поголема ефикасност и поголем економски бенефит за патниците. Главно поголемиот број земји-членки на ЕKАK го имаат овој вид договор. Македонија е туристичка земја и треба да обрати многу големо внимание кон отворањето на небото, кон либерализацијата и секако треба да има добра воздухопловна власт.
Меѓутоа, отвореното небо се смета дека е една од причините што Македонија денес нема своја домашна авиокомпанија. Со тоа што нема сопствен превозник земјата остана без многу можности за директен сообраќај и денес е многу покомплицирано да се стигне до некоја дестинација отколку порано.
– Денес е тешко да се дефинира поимот национален превозник поради тоа што во моментов во многу земји националниот превозник не е во сопственост на државата, туку е приватна компанија. Но либерализацијата на пазарот во моментов доведува до поефикасни рути и до носење поефикасни компании на пазарот. Од друга страна, стратегијата на вашата власт да се субвенционираат одредени рути што ви недостигаат е многу добра. Во моментов имате можност да ги оживеете овие рути. Сите компании на пазарот во моментов може да го направат тоа и да бидат подобри и поефикасни од националните компании.
Се заговара идеја да се здружат компаниите од регионов – Хрватска, Србија, Романија, во една заедничка компанија. Дали е ова остварливо?
– Во последниве неколку години има голема консолидација на пазарот. Доколку е добро менаџиран таквиот проект и доколку се работи заедно, при што нема да постои поделеност во поглед на управувањето и нема секој да си ги гледа сопствените интереси, проектот може да биде успешен. Но многу е важно прашањето на управувачките права – каде ќе биде менаџментот и кој ќе биде сопственик на компанијата, државата или како поинаку ќе се реши тоа прашање. Во секој поглед, идејата е доста комплицирана за реализација.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк