Од октомври Скопје – Дубаи за 500 евра
06.06.2012
Скопје е новата дестинација на авиокомпанијата Флај Дубаи” од Обединетите Арапски Емирати. Почнувајќи од 18 октомври, Флај Дубаи” два пати неделно ќе остварува директни летови на релација Дубаи – Скопје и обратно со цени почнувајќи од 490 евра. -Линијата кон Скопје уште подлабоко ја илустрира посветеноста на Флај Дубаи” при проширувањето на врските од Блискиот Исток до нови дестинации со коишто историски не постоеја доволен број директни авиоконекции до Обединетите Арапски Емирати. Покрај тоа, Македонија низ светот има значителна иселеничка популација што сега ќе може почесто да ги посетува своите пријатели и семејства благодарение на врските преку нашиот транспортен центар во Дубаи – истакнува првиот човек на Флај Дубаи”, Гаит ал Гаит. Летовите за Дубаи ќе оперираат двапати неделно (во понеделник и во четврток). Летот со ознака ФЗ792 ќе полетува од аеродромот “Александар Велики” во 13.25 часот, а ќе пристигнува во Дубаи во 20.35 по локално време. Повратниот лет со ознака ФЗ791 е закажан да го напушти вториот терминал на меѓународниот аеродром во Дубаи во 9.15 часот, а да слета во Скопје во 12.40 часот по локално време. “Флај Дубаи” работи според едноставен модел што на купувачите им овозможува да плаќаат за услуги што сакаат да ги добијат. Цените на билетите ги вклучуваат сите такси плус едно парче рачен багаж до седум килограми и еден мал лаптоп или торба, како и пријавен багаж до 20 килограми. За седиште со дополнителен простор за нозете се доплаќа 21 евро. Во леталото патниците можат да изберат од долгата листа понуди што вклучува пакети за забава во текот на летот, разновидно мени со освежувачки пијалаци и производи што не подлежат на царина. Билети за летовите меѓу Скопје и Дубаи можат да се купат од официјалната интернет-страница на компанијата (www.flydubai.com), преку травел-партнерите или од телефонскиот центар (+3892-3211-133) што ќе почне со работа на 15 јуни 2012 година. Детали за изнајмувањето автомобили преку авиопревозникот, исто така, се достапни на интернет-страницата.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк