21.06.2012

 

Со измената на членот 12 од Законот за воздухопловство се дава можност за финансирање на АЦВ од средствата остварени од концесискиот надоместок кој го плаќа концесионерот на аеродромите .

Собранието на Република Македонија на својата 35 седница одржана на 20.06.2012 го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство.

Измените на Законот, се во насока на затварање на забелешките во извештаите од оценските мисии на Европската унија и Европската Агенција за безбедност во воздухопловството – EASA и негово подобрување со цел надминување на постоечките проблеми и овозможување на побрз развој на воздухопловството во Република Македонија.

Најголемо значење за Агенцијата за цивилно воздухопловство има измената на членот 12 од Законот за воздухопловство преку која се дава можност за нејзино финансирање од средствата остварени од концесискиот надоместок кој го плаќа концесионерот на аеродромите во Република Македонија.

Оваа измена е применлива од 01.01.2013 и овозможува затварање на долгогодишниот проблем со финансирањето со кој се соочуваше Агенцијата за цивилно воздухопловство.