Агенцијата за цивилно воздухопловство доби сертификат за квалитет
15.02.2013
Агенцијата за цивилно воздухопловство доби Сертификат ISO 9001:2008, кое според директорот Дејан Мојсоски е потврда за долгогодишната заложба од Агенцијата да се направи современ европски систем на брз, ефикасен и безбеден авиотранспорт достапен до сите граѓани.
– Овој сертификат за нас, како регулаторно тело кое се стреми да го достигне квалитетот и ефикасноста на подигнувањето на перформансите во македонското воздухопловство, значи многу. Со зголемувањето на комуникацијата меѓу раководството и вработените, примената на најдобрите практики од поразвиените земји, но и усогласувањето на домашната со европската регулатива, ќе ги зголеми нивото на задоволство на корисниците на услугите, но и ќе ја засили довербата кон нашите услуги, рече Мојсоски денеска на примањето на сертификатот.
Според Дејан Лазаров од претставништвото на ТУВ во Скопје која го издаде сертификатот, ова значи градење добар имиџ на Агенцијата за цивилно воздухопловство, со што ќе се постигне сигурен, ефикасен и безбеден воздушен сообраќај.
Директорот Мојсоски најави дека на 25-ти овој месец Агенцијата почнува преговори за склучување меморандум за соработка со Саудиска Арабија, а во тек се разговори со Малта, Канада и Бразил.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк