29.04.2013

 

   Десет воздухопловни организации од Југоисточна Европа, на 29ти Април – 2013, во Сараево потпишаа писмо со намери за заедничко давање услуги на земјите од регионот, под покровителство на Советот за регионална соработка.

Иницијативата има за цел да ја зајакне соработката во сверата на воздушниот транспорт, преку обезбедување сигурни и ефикасни услуги во воздухопловната навигација.

Документот го потпишаа, шефовите на воздухопловните власти на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Македонија, Црна Гора, Србија и Унгарија.

Писмото со намери, во име на македонските воздухопловни власти, го потпишаа директорот на АЦВ, д- р Дејан Мојсоски и претседателот на Управниот одбор на М – НАВ Живко Поповски

Потписниците на писмото со намери, преку оваа иницијатива за заедничка соработка на земјите од Југоисточна Европа, очекуваат конечно да се отстранат бариерите за отворање на косовското небо.