17.05.2013

 

Македонија ги поддржува проектите на ЕУРОКОНТРОЛ за Централизирани услуги на ПАН европско ниво, кои значат зголемување на ефикасноста и перформансите на европскиот систем за менаџмент со воздушниот сообраќај.

– Како преставник на мала земја членка на ЕУРОКОНТРОЛ која има огромна придобивка од најголемата централизирана база на податоци, би сакал да го изразам моето огромно задоволство од овој вистински пан европски проект чие решение при давањето на воздухопловни информации преставува, вистинско ремек дело. Системот ЕАД од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија е имплементиран во 2007 година и во моментов непрекинатао е управуван од македонскиот давател на услуги во воздухопловната навигација М-НАВ, при што доведе до значително намалување на трошоците и зголемување на ефикасноста во работењето на компанијата, истакна директорот на АЦВ, д-р Дејан Мојсоски во свеченото обраќање по повод прославата на 10 годишнината од формирањето на Европската база на податоци на ЕУРОКОНТРОЛ, која се одржа во рамките на 39-тото заседание на Привремениот совет на Еуроконтрол во Брисел на 16 мај годинава.

Според Мојсоски, денес сите воздухопловни субјекти, имаат огромна придобивка од единствениот извор на податоци (ЕАД), како посигурно, побрзо и поисплатливо решение од претходниот нескладен метод на избирање и поднесување на податоци во Европа.

Тој ги охрабри во ЕУРОКОНТРОЛ, и во иднина да продолжат со проектите за Централизирани услуги на ПАН европско ниво, кои значат зголемување на ефикасноста и перформансите на европскиот систем за менаџмент со воздушниот сообраќај.

Обраќањето на директорот Мојсоски на десет годишниот јубилеј на централизираната база на податоци, беше на покана на директорот на ЕУРОКОНТРОЛ, г –динот Франк Бренер.

Дополнително, во Брисел од страна на Мојсоски беше дадена иницијатива Република Македонија, да присуствува на состаноците на Советот на фабот на Централна Европа, со цел подобра координација и комуникација со земјите членки на ова значајно тело.

Привремениот совет на Еуроконтрол во Брисел е највисоко тело во кое партиципираат генералните директори на воздухопловните власти на 39 земји членки (Агенции за цивилно воздухопловство) и даватели на услуги во воздухопловни навигации.