26.11.2013

 

Директорот на директоратот за единствено небо во ЕУРОКОНТРОЛ, г. Лук Титгат, во посета на АЦВ Македонија

На покана на директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство,  д-р Дејан Мојсоски, во тродневна посета на земјава беше Директорот на директоратот за единствено небо во EUROCONTROL, г. Лук Титгат.

На состанокот во АЦВ, директорот Мојсоски пред високите гости од EUROCONTROL, ја презентираше, организационата поставеност, развојот и  дефинираните цели на Агенцијата како и подготвеноста на АЦВ  за зголемување на воздушниот сообраќај во земјава, како клучна европска компонента. Пред гостите беше промовирана и  видео презентацијата за активностите, надлежностите и капацитетите на АЦВ како регулаторно тело на цивилното воздухопловство во Република Македонија.

На состанокот Мојсоски и Титгат, искажаа  подготвеност  за дополнително зајакнување на соработката со EUROCONTROL во делот на Централизираните сервиси и SESAR, како врвни приоритети за паневропскиот приод.

Двајцата соговорници ја отворија можноста за организирање регионален ворк шоп, но ја потенцираа и потребата од зајакнување на  улогата на SLO за поддршка на државите во имплемантација за стандардите на EUROCONTRO и Европската унија.

Директорот на директоратот за Единствено небо, Титгат придружуван од директорот Мојсоски, оствари работни средби со менаџментите на македонскиот навигатор, М НАВ, како и со концесионерот со двата македонски аеродроми, ТАВ Македонија.

Титгат работниот престој во земјава го искористи и за посета на охридскиот аеродром, Св.Апостол Павле.