09.06.2014

 

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија д-р Дејан Мојсоски со в.д. Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Словенија г. Санди Кнез денеска, 09.06.2014 година, во Љубљана потпиша Меморандум за разбирање, со цел зајакнување на регионалната соработка во областа на цивилното воздухопловство како и подобрување на ефикасноста и ефективноста при примената на барањата од областа на безбедноста дадени во Спогодбата ЕЗВО. 

Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање двете воздухопловни власти ја продлабочуваат соработка при користењето на ресурсите во однос на стручен персонал, експертиза во одредени аспекти на цивилното воздухопловство како и документација. Овој Меморандум за разбирање воедно ги покрива и областите во поглед на програмите за обука, испити и лиценцирање; операциите поврзани со лет и аеродроми; пловидбеност и регистар; потрага и спасување како и работите поврзани со Националните надзорни власти (NSA) и Службите за воздушна навигација (ANS).

ЛИНК ЗА МЕМОРАНДУМ

ЛИНК ЗА ГАЛЕРИЈА