11.06.2014

 

Воздухопловниот превоз и во 2014 година, останува да биде светла точка во развојот на македонскиот транспортен сектор.

Имено, дури за 18, 6 %процент е зголемен бројот на превезени патници во првите пет месеци од годинава во однос на истиот период минатата година на двата македонски аеродроми. Од јанурари до април годинава, со авион биле превезени 433 349 патници и 1 345.000 тони, без да биде вклучен транзитниот транспорт.

Количеството на превезена стока во воздухопловниот превоз, пак е зголемено за 22.4 проценти во однос на истиот период минатата година.

Истанбул останува најпримамлива дестинација за патување на македонските патници и во првите четири месеци од 2014-та година, Не помалку привлечни се и Цирих, Виена, Лондон, Базел, Малме, Дортмунд, Љубљана, Белград, Загреб… На македонските патници и престојниов период им остануваат на располагање низа европски дестинации до кои можат директно да патуваат со редовните воздушни линии, насочени кон, Ајнховен, Миминген, Гетенбург, Милано и другите градови до кои согласно летниот ред на летање, оперира унгарската компанија Визер.

Ербас А320 е најчестиот тип на авион со удел од 32 процента во целокупните воздухопловни операции на патничките летови.

Дури 96.7 проценти од патниците го користеле редовниот авиосообраќај, а само 3.3% чартер линиите.

Со летниот ред на летање кој стапи на сила на 30 март 2014 година, Агенцијата за цивилно воздухопловство одобри 141 лет, кои неделно се реализираат на двата македонски аеродроми. На патувачката јавност и се ставени на располагање, 16 операции повеќе во однос на истиот период минатата година.


За прв пат, со одбрение на АЦВ во летната сезона, на релација Скопје Рим и обратно, од мај, седум пати неделно ќе оперира компанијата Ал Италија.
Од аеродромите Александар Велики во Скопје и Св.Апостол Павле во Охрид, во редовниот сообраќај се вклучени 14 авиопревозници, со директни авио врски до 25 дестинации.