22.08.2014

 

Дводневна работна средба помеѓу директорот на
Агенцијата за цивилно воздухопловство на

Република Македонија д-р Дејан Мојсоски
и делегацијата од Република Словенија

 

Во периодот од 20 до 21 септември 2014г словенечка делегација составена од директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Словенија господинот Санди Кнез и претседателот на Управниот одбор на Adria Airways господинот Марк Анжур одржа работни состаноци со Агенцијата за цивилно воздухопловство односно со д-р Дејан Мојсоски како и со Министерството за транспорт и врски односно со министерот Миле Јанакиевски.

Оваа посета беше остварена на покана на директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија д-р Дејан Мојсоски.

За време на средбите беше разговарано за можноста за соработка и за поволностите кои ги нуди Меморандумот за разбирање склучен помеѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Словенија во однос на програмите за обука, испити и лиценцирање; операциите поврзани со летање и аеродроми; пловидбеност и регистар; потрага и спасување како и работите поврзани со Националните надзорни власти (NSA) и Службите за воздушна навигација (ANS).

Воедно се разговараше и за изнаоѓање на начини за зголемување на воздушниот сообраќај до и од Република Македонија.

Претседател на Управен одбор на Adria Airways господин Марк Анжур

 Директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија  господин Дејан Мојсоски

 Директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Словенија господин Санди Кнез

Од лево кон десно