Во организација на АЦВ -Регионалната работилница за Култура на правичност во Охрид
14.09.2014
Искуството од работилницата во функција на подобрување на безбедносните перформанси како приоритет број еден во воздухопловството.
Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, во соработка со со ЕУРОКОНТРОЛ, од 9 до 10 септември 2014 година во Охрид, организираше работен состанок на тема, Култура за правичност, на кој учество земаа, над 40 претставници на воздухопловни власти и национални обвинители на Република Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.
Обраќајќи им се на присутните на состанокот, директорот на АЦВ, д-р Дејан Мојсоски, во својство на претседавач, го нагласи значењето на дискусијата, во насока на зајакнување на соработката и координацијата помеѓу воздухопловните власти, правосудната администрација и претставници на воздухопловната дејност, особено меѓу давателите на навигациски услуги и на аеродромите.
Искуството од работилницата, смета Мојсоски, треба да се искористи како движечка сила за подобрување на системите за известување и анализи, со цел, да се подобрат безбедносните перформанси, како приоритет број еден во воздухопловството. Регионалната димензија на работилницата, пак додаде тој, треба да создаде уште подобра соработка и размена на гледишта и искуства помеѓу земјите членки на регионот.
Поздравувајќи ги присутните на состанокот, г-динот Раду Чипонеа, виш експерт за безбедност на ЕУРОКОНТРОЛ, нагласи дека и групата за воздухопловна безбедност во ЕУРОКОНТРОЛ е директно вклучена во проектот за подобрување на безбедноста во воздушниот сообраќај и на Културата на правичност како дел од неа. Според него, преку Културата на правичност, професионалците во воздухопловството, нема да бидат казнувани за грешки и пропусти кои се направени во нормалното работење. Чипонеа, меѓудругото, изрази и искрена благодарност до директорот на АЦВ, Мојсоски за успешно организираната работилницата заедно со ЕУРОКОНТРОЛ:
Претседателот на работната група за Култура на правичност на ЕУРОКОНТРОЛ, Господинот Родерик Ван Дам, низ детална презентација ги изложи правните и институционалните аспекти на интеракцијата меѓу безбедноста во воздушниот сообраќај и правосудните истраги.
Образложувајќи ги темелите на политиката на кривичната истрага и кривичното гонење на незгодите и несреќите, Ван Дам посочи, дека моделот на Културата на правичност за националната политика за кривично гонење во воздухопловството се применува за кривична истрага и кривично гонење на престапи кои се резултат на несреќи и незгоди во цивилното воздухопловство, кои се пријавени согласно шемите за задолжително и доброволно пријавување на настани.
Во својата фигуративна презентација, г. Фред Билсма, шефот на обвинителната служба на Скипол и координатор за воздухопловство, на присутните им ги пренесе искуствата со Културата на правичност во Холандија. Г динот Кармело Старантино, пак правен експерт од ЕУРОКОНТРОЛ, даде компаративна презентација на системот за кривична постапка на Италија.
Низ опсежна дисусија своите ставови ги изложија и претставниците на системот за кривична постапка и на акедемијатата на судии и обвинители на Република Македонија.
На состанокот беше отворена и дебата за моделот на национална политика за воздухопловно обвинителство, национални гледишта и меѓународни искуства, а беа изложени и насоки и сугестии, како земјите можат и практично да ја спроведуваат таа политика.
Учесниците на работниот состанок, како заклучок, ја истакнаа особената важност на билатералната и мултилатералната соработка на воздухопловните власти и надлежните судски власти во регионот и ја поздравија идејата за примена на национална политика за воздухопловно обвинителство.
Културата на правичност камен-темелник на менаџирањето на безбедноста во воздушниот сообраќај
Во последниве неколку години, ЕУРОКОНТРОЛ поддржува случувања во суштествената област на безбедноста, преку посветената работна група за Култура на правичност. Културата на правичност стана камен-темелник на менаџирањето на безбедноста од страна на Мастричкиот контролен центар за високиот простор и на Управувањето со мрежата.
ЕУРОКОНТРОЛ ја воведе новата политика на Култура на правичност, договорена од раководството и од персоналот, а потпишана од генералниот директор, г. Франк Бренер на специјалниот Ден на безбедноста, кој се одржа во Мастришкиот контролен центар на високиот простор на 23 септември 2014 година.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк