28.12.2015

 

Почитувани,

           Ве известуваме дека согласно член 137 од Законот за воздухопловство, Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе спроведе постапка за утврдување на листата на воздухопловни стручњаци за 2016 година. Ве молиме за истото на соодветен начин да ги информирате вашите членови/вработени.

           Критериумите за исполнување на условите за впишување  во листата на воздухопловни стручњаци се утврдени со Правилникот за критериумите за овластување на лица за испитувачи во листата на воздухопловни стручњаци („Службен Весник на Република Македонија“ бр. 44/2007).

            Потребно е заинтересираните лица кои ги исполнуваат потребните услови да достават апликација/барање за впишување во листата на воздухопловни стручњаци за 2016 година, најдоцна со 15.01.2016 година на адреса:

 Агенција за цивилно воздухопловство

Ул.Даме Груев бр.1

1000 Скопје

Апликациите можат да бидат доставени и по електронски пат на e-mail: pel@www.caa.gov.mk

            Кандидатите за испитувачи за пилоти на авиони/хеликоптери потребно е да ги исполнат условите од правилникот JAR FCL 1/2 и да пополнат образец ЛС-1.     Кандидатите за испитувачи за пилоти кои не се опфатени со JAR FCL  1/2, како и кандидатите за испитувачи за останатиот воздухопловен стручен персонал го пополнуваат образецот ЛС-2.

Наведените обрасци ќе бидат достапни на официјалната web страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство: во делот безбедност, лиценцирање: Известување: Постапка за утврдување на листа на воздухопловни стручњаци за 2016 година.

            За дополнителни информации во врска со наведената постапка обратете се до Одделението за лиценцирање на телефон 02 3181 640 или на e-mail: pel@www.caa.gov.mk

Известување за листа на воздухопловни стручњаци за 2016 година

Образец ЛС-1

Образец ЛС-2