29.02.2016

 

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија денеска во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка.

Документот, преставува темелна основа за превземање превентивни мерки за заштита на здравјето на учесниците во сообраќајот, воспоставување интермодалност на сообраќајните мрежи во Република Македонија, како и промоција на безбедните начини на движење на пристапите и земската страна на аеродромите во Р.М и отворање можности за преземање мерки и активности за идентификација и обележување на патиштата во близина на аеродромите, леталиштата и терените.  Потписниците на Меморандумот, едновремено, се заложија и да организираат  едукативни настани, кои имаат за цел, да го подигнат нивото на информации, кои ќе им бидат достапни на странските туристи кои слетуваат на двата македонски аеродроми, во Скопје и Охрид, за спецификите на сообраќајот, како и да им овозможат практични совети за безбедно учество во сообраќајот во земјава.