Скопје, 10.11.2016

 

Високи претставници на воздухопловната индустрија, надлежни за потраги и спасување на Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Унгарија и Словачка деновиве во Белград, потпишаа Меморандум за разбирање, како правна рамка за формирање Регионален советодавен комитет за потраги и спасување во цивилното воздухопловство.

Целта на ова регионално тело е меѓусебна поддршка на земјите потписнички на Меморандумот, во подигнувањето и развојот на капацитетите за успешна потрага и спасување во воздухопловството, односно поддршка на реализацијата на ИКАО и ИМО стандардите во оваа свера, како и размена на искуства, заеднички анализи и планирање, полесна комуникација низ размена на информации меѓу земјите на раководно и стручно ниво.

Меморандумот за разбирање кој воено е и основачки акт на Регионалниот комитет се темели на меѓународните договори во сверата на потрагата и спасувањето, меѓу кои е и Чикашката конвенција од 1944 година, како и Прирачникот за меѓународна потрага и спасување во воздухопловство и морепловство. На чинот на потпишување на Меморандумот за соработка на седумте земји членки, присуствуваа и ја поддржаа иницијатива, високи преставници на ИКАО и ЕУРОКОНТРОЛ