14.08.2017

 

Терминалните услуги на аеродромскиот оператор не се загрозени, ниту пак нормалното одвивање на прелетите над македонското небо.

Во врска со информацијата објавена во порталите, Денешен весник и Курир под наслов “Голем скандал и опасност: Четири дена не работи радар во Контролата на летање, надлежните не преземаат ништо”, со индигнација ги отфрламе ваквите тврдења, и ја информираме јавноста дека, Агенцијата за цивилно воздухопловство во рамките на своите надлежности, ги презема сите потребни мерки и активности и изврши увид во фукнционалноста на радарскиот систем, што значи дека, не е вистина дека била спречена инспекцијата да изврши надзор над системот, како што тврдат овие медиуми.

Од тука, како Агенција за цивилно воздухопловство, сакаме да укажеме дека, ниту терминалните услуги на аеродромскиот оператор се загрозени, ниту пак нормалното одвивање на прелетите над македонското небо. Напротив овој месец ке остане како набележан месец со најголем број на прелетни операции во годинава.

Ја уверуваме јавноста дека, Агенцијата за цивилно воздухопловство,  заедно со останатите чинители во воздухопловната индустрија во земјава, остануваат максимално посветени на одржувањето на безбедноста и сигурноста во авиосообраќајот на највисоко можно ниво и во согласност со високите европски профилирани критериуми.