Директорот на АЦВ, Тунтев оствари средба со претседателот на КИНСИВ, Илиевски
23.01.2019
Серијата работни средби со релевантните субјекти од сферата на цивилното воздухопловство во земјава, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д-р Томислав Тунтев, вчера ја продолжи, со претседателот на Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, г-дин Зоран Илиевски.
На состанокот, беше изразена целосна подготвеност за продолжување на меѓусебната соработка помеѓу воздухопловниот регулатор и специјализираниот комитет, во насока на превентивно делување кај сите релевантни фактори, за подигнување на нивото на безбедноста на воздушниот сообраќај и унапредување на националниот воздухопловен транспортен систем.
Тунтев го информира Илиевски за текот на постапката за донесување на измените и дополнувањата на Законот за воздухопловство, со кои дополнително ќе биде обезбедено усогласување на националната воздухопловна легислатива со најновите меѓународни воздухопловни стандарди и препорачани практики.
Двајцата соговорници, меѓу другото, се осврнаа и на потребите од зацврстување на меѓусебната соработка на сите сегменти и функционални системи што се инволвирани во функционирањето на Националниот комитет за безбедност во воздушниот сообраќај, беше истакната потребата од заедничко и координирано превентивно делување кај сите цивилни, армиски, полициски, специјализирани и други правни и физички лица во државата што се занимаваат со воздухопловни активности, за да се избегнат било какви евентуални инциденти. Тунтев и Илиевски се согласија и дека за зајакнување на функционалнсота на двете институции, е неопходно навремено исполнување на сите обврски кон релевантните меѓународни организации и субјекти, од областа на воздушниот сообраќај и транспорт.
Првите луѓе од Агенцијата за цивилно воздухопловство и од КИНСИВ ги потврдија заедничките заложби за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете институции во рамки на законски утврдените надлежности.
Илиевски го информираше Тунтев за актуелните предмети на коишто работи комитетот, во согласност со своите овластувања кои произлегуваат од националната легислатива и меѓународните стандарди и препораки од областа на воздушниот сообраќај и транспорт. Беше истакната потребата од континуирана соработка со сите релевантни институции и со државните органи на прогон, за да се овозможи професионално, сеопфатно и плодотворно делување на АЦВ и КИНСИВ во истражувањето на сите дејства и последици настанати при евентуални несреќи или сериозни инциденти во сферата на националното воздухопловство.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк