Интервју со Ива Матиќ, жена пилот
06.03.2019
- За некои сон или страв, но за Вас летањето е нешто вообичаено… или така изгледа од наш агол?
– Во раните години секое дете има свој сон, а јас сонував да летам. Со многу вложен труд и напорна работа сонот ми стана секојдневие. Летањето ми претставува огромно и инспиративно доживување, иако е скоро секојдневно.
- Технологијата се движи со енормна брзина, па секогаш се поставува прашањето: постојат ли граници на можностите?
– Во денешницата, по примерот на NASA, Blue Origin, Airbus, Boeing, SpaceX итн. очигледно е дека технологијата се развива со warp брзина. Како пилот, но и како магистер по електротехника и информациски технологии верувам дека нема граница и дека ќе освоиме незамисливи врвови во наредните години, векови. Но пред сé, само додека си го чуваме домот, градот, државата, Планетата на која живееме.
- Денеска и не е така невообичаено жена да биде пилот. Дали секогаш било така?
– Како што знаеме од годините наназад сигурно и не било, иако денешната жена се повеќе ги руши стереотипите. Но, за жал, морам да потенцирам дека кај нас и пошироко на Балканот жените сеуште се потценети.
- Која е Вашата приказна? Како стигна Ива до пилотската кабина?
– Како што наведов погоре, тоа ми беше детски сон, но со многу откажувања и посветеност стигнав до пилотската кабина на армискиот Ми-17. Отскочна даска ми беше Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), потоа селекцијата за воен пилот, која беше долга, ригорозна и квалитетна, следуваше обука во траење од година и пол каде што пилотирав на авион Злин 242 и на хеликоптер Bell 206B Jet Ranger, за конечно да стигнам до кокпитот на Ми-17.
- Сега постојат огромни можности за совладување на знаења за работа во воздухопловството….Како се одвиваше Вашата обука во периодот кога влеговте во тренажен процес?
– Иако тоа беше пред 7 години, во Центарот за обука на пилоти ги имавме сите можности, материјали и алатки за нашата обука да се одвива во согласност со европските стандарди.
- Едно лично прашање: како реагираа Вашите најблиски на определбата да бидете дел од воздухопловството?
– Во почеток негодуваа, но подоцна кога ја поминав селекцијата и видоа дека летањето навистина ме исполнува, ме поддржаа и низ годините секогаш беа тука за мене, како родителите, брат ми и поблиската фамилија, така и пријателите.
- Некогаш и денеска… има ли крај инвентивноста на авиоиндустријата? Успевате ли да ги следите новите случувања во оваа индустрија?
– Како што наведов погоре, верувам дека нема. И да, успевам. Затоа и во наредниот период ќе се посветам на нешто сосем ново и модерно во оваа индустрија.
- Што ќе им препорачате на младите девојки на кои пилотирањето им преставува животен предизвик?
– Бидете истрајни, посветени, храбри. Имајте јасна цел и чиста мисла, само така можете да постигнете се. На крајот од денот, воздухопловот не знае дали сте вие маж или жена.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк