08.03.2019

 

Одбележувањето на Меѓународниот ден на жената 8 Март, Агенцијата за цивилно воздухопловство,  го означи на  свој автентичен начин- оддавајќи им признание на четири припаднички на понежниот пол, за духот, позитивната енергија, ентузијазмот и храброста да го достигнат небото, и со тоа да се вбројуваат во класите на неколку генераци на македонски жени пилотки.

Честитајќи им го празникот на жената 8 ми март, на Катерина Кајсторовска, Весна Петреска, Татјана Велкова и Ива Матиќ,  директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав, Тунтев, на жените-пилотки од земјава им посака, секој ден во годината, да им биде вистински празник во душата и срцето, а во знак на почит, им врачи Благодарници “За придонесот кој го даваат за афирмацијата на македонското воздухопловство во земјава и светот”.

Осврнувајќи се на актуелните состојби во македонското воздухопловство, директорот, Тунтев заедно со своите соговорнички, ја истакнаа потребата од понатамошно продлабочување на соработката во делот на промоцијата на воздухопловството, како сериозен двигател на севкупните општествени текови, но и како професија со висок спектар на можности и силна економска перспектива.

Заблагодарувајќи му се на директорот Тунтев, на вниманието кое им беше посветено со денешниот гест, жените пилотки, потенцираа дека, остануваат целосно посветени во напорите, да го дадат својот придонес, во унапредувањето, развојот и промоцијата на македонското воздухопловство во домашни и меѓународни рамки.

А, на новите генерации им порачаа, “нека нивниот животен дострел, им преставува дополнителен мотив да веруваат во себе, да се борат за своите соништа и да го достигнат небото. Не постои пречка која не може да биде совладана”, тврдат, жените пилотки од земјава.

Борете се за своите желби и никогаш не се откажувајте. Не постои пречка која не може да се совлада.

Да го следат својот сон, да ги слушаат желбите на своите срца ниеден пат не е тежок во остварување на нечиј сон.