18.03.2019

 

Продожувајќи ја долгогодишната традиција на меѓусебна регионална соработка, минатата седмица во Загреб и Љубљана се одржаа средби на претставници од цивилните воздухопловни власти на највисоко ниво. Делегација од Агенцијата за цивилно воздухопловство, оствари деловни состаноци со колегите од Агенциите за цивилно воздухопловство на Хрватска и Словенија.

На средбите беше истакната потребата за продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу регулаторните тела во сферата на воздухопловството во регионот.

Македонските воздухопловни власти, ги претставија проектите за кои што АЦВ очекува помош и поддршка од земјите во ЕУ во остварување на зацртаните цели и развојни планови. Исто така, беа потенцирани заедничките заложби за споделување на искуствата и позитивните практики за достигнување и исполнување на релевантните меѓународни стандарди и препораки од областа на безбедноста на воздушниот сообраќај и транспорт.

Соговорниците на состанокот, го потенцираа значењето од заеднички регионален настап и учество во работата на Eurocontrol, ICAO, ECAC, EASA и останатите меѓународни воздухопловни организации и здруженија.

На средбите меѓудругото беше договорено и да се интензивира меѓусебната соработка на експертите и стручните лица на оперативно и техничко ниво, во рамки на основната дејност на цивилните воздухопловни власти.