Тимот од натпреварувачи на АЦВ постигна респектибилни резултати на Охрид трчаТ
05.06.2019
Агенцијата за цивилно воздухопловство, како високо свесна и општествено одговорна институција, со изграден концепт да влијае врз поттикнувањето здрави животни навики, викендов активно се вклучи во третата по ред атлетска манифестација “Охрид трчаТ”.
Неповолните временски прилики, кои ја одбележаа трката од нејзиниот почеток до крај, нималку не влијаеја врз спортискиот дух, позитивната енергија и силниот мотив кај тимот од 6 учесници од АЦВ, кои се вклучија во трката на 5 и 10 километри, успешно да стигнат на финишот и да се вбројат во листата на високо респектибилни натпреварувачи вредни за почит.
Покрај учеството во натпреварувачката агенда, Агенцијата за цивилно воздухопловство, на најголемиот атлетски викенд, беше присутна и со свои штандови, на кои учесниците во натпреварот на патеката можеа да се освежат со вода, и на вториот пункт на градскиот плоштад, каде сите присутни посетители беа дел од промотивните активности на институцијата.
АЦВ и овој викенд, со своето присуство на една од најголемите спортско рекреативни манифестации во главниот туристички центар во земјава, уште еднаш покажа, дека гради имиџ на институција со сериозна општествено развојна свест, во духот на визиите и целите на организаторот “Охрид трчаТ”, за развој на организираниот спортски туризам во земјава и зајакнување на партнерскиот однос меѓу спортот, заедницата и бизнис секторот.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк