07.06.2019

Агенцијата за цивилно воздухопловство ги повикува сите сопственици и оператори на воздухоплови без екипаж (дронови) да земат учество на еднодневната работилница “Safety & Security Awareness при оперирање со дронови”.

Работилницата ќе се одржи во вторник, на 11 јуни 2019 год., во салата на Дом на култура “Кочо Рацин”, на ул. “Димитрие Чуповски” бр.20а во Скопје, со почеток во 11:00 часот.

ДНЕВЕН РЕД НА РАБОТИЛНИЦАТА

11:00 – 11:30       Пријавување и регистрација на учесниците;

11:30 – 11:50       Отворање на работилницата и воведно обраќање на д-р Томислав Тунтев, Директор на АЦВ;

11:50 – 12:10       Меѓународна регулатива и национална легислатива за оперирање со воздухоплови без екипаж, Вети Ѓорѓиеска, АЦВ;

12:10 – 12:30       Оперирањето на воздухопловите без екипаж и безбедноста на воздушниот сообраќај и транспорт, Драги Стојаноски, АЦВ;

12:30 – 13:00       Кафе пауза

13:00 – 13:20       Оперирањето на воздухопловите без екипаж и обезбедувањето од акти на незаконско постапување, Александар Момироски, АЦВ;

13:20 – 13:40       Најавување и безбедносна подготовка за оперирање на воздухоплови без екипаж, Бранко Трајчевски, М-НАВ;

13:40 – 14:00       Ограничувања и мерки на безбедност при неовластено оперирање на воздухоплови без екипаж, Даниела Каранакова, МВР;

14:00 – 14:40       Прашања и дискусија

14:40 – 15:00       Иницијатива за организирано и институционално делување на сопствениците и операторите на воздухоплови без екипаж;

15:00 – 15:10       Заклучни поенти и затворање на работилницата.