20.06.2019

 

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д-р Томислав Тунтев, оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, неговата екселенција Едуардо Лорензо Сера.

На средбата двајцата соговорници, разменија мислења околу досегашната соработка меѓу воздухопловните власти на двете земји, со посебен акцент на зајакнувањето на  поддршката, искуствата и нивните знаења во менаџирањето на македонскиот и шпанскиот воздухопловен транспорт.

Тунтев и Сера, едновремено, ја истакнаа и потребата од воспоставување взаемна соработка во делот на зајакнувањето на  кадровските потенцијали на АЦВ, преку подигнување на степенот на обученост на вработените во престижните воздухопловни тренинг центри во Шпанија.

Шпанскиот амбасадор, меѓудругото, на средбата со првиот човек на македонското цивилно воздухопловство, изрази јасна волја и за посредување меѓу релевантните шпански институции со македонскиот туристички сектор, за промоција и развој на автентичните македонски потенцијали  пред шпанската јавност.