Средба на македонските и албанските цивилни воздухопловни власти во Охрид
05.07.2019
Во рамки на востановената практика за одржување и продлабочување на меѓусебната регионална соработка помеѓу воздухопловните регулаторни тела, во Охрид се одржа средба на делегации од македонската и албанската Агенција за цивилно воздухопловство, предводени од нивните директори, д-р Томислав Тунтев и Крислен Кери.
Гостите од Албанија ја потенцираа нивната детерминираност за реализација на конкретни активности и заеднички развојни проекти во рамки на билатералната соработка помеѓу двете воздухопловни власти. На средбата взаемно беше истакната потребата и заедничките заложби за достигнување и исполнување на релевантните меѓународни стандарди и препораки од областа на безбедноста на воздушниот сообраќај и транспорт, како основен услов за остварување на успешни интегративни процеси во глобалниот европски воздухопловен транспортен систем.
Соговорниците ги согледаа и утврдија условите и можностите за заеднички регионален настап и учество во работата на Eurocontrol, ICAO, ECAC, EASA и останатите меѓународни воздухопловни организации и здруженија. На средбата, исто така, беше договорено меѓусебната соработка да биде интензивирана во наредниот период на оперативно и техничко ниво, преку размена на искуства, знаења и позитивни практики на експертите и стручните лица на конкретни проекти и надзорни активности, во рамки на основната дејност на двете цивилни воздухопловни власти.
На средбата обострано беа утврдени и договорени идните конкретни активности во меѓусебната билатерална соработка оваа година – потпишување на договор за користење на албанскиот воздушен простор при слетување на охридскиот аеродром, создавање на експертски пул за меѓусебна регионална оперативна соработка, учество на експерти од АЦВ при сертификација на албанските аеродроми и заеднички ангажман за организација на регионален воздухопловен експертски форум.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк