Генералниот директор на EASA Патрик Ки во прва посета на АЦВ
26.07.2019
Посетата на високата делегација на EASA, е од исклучително големо значење, како за АЦВ, така и за останатите чинители на воздухопловната индустрија во земјава, подвлече директорот на АЦВ, д-р Томислав Тунтев, при денешната прва официјална средба со генералниот директор на EASA, Патрик Ки во Скопје.
На средбата со шефот на Европската агенција за воздухопловна безбедност, директорот Тунтев, во присуство на менаџерскиот тим на Агенцијата, ги презентираше мерките и активностите кои АЦВ, ги презема во насока на создавање услови и можности за безбеден, економски стабилен, интелектуално, стручно потенцијален и развојно просперитетен воздушен сообраќај и транспорт.
-АЦВ ќе продолжи да претставува главен стожер на современите сообраќајно-транспортни интегративни процеси, кои ќе овозможат континуирано зголемување на физичкиот обем на сообраќајот и доследна имплементација на меѓународната регулатива. Тоа ќе значи поголем број на превезени патници, операции на воздухоплови и карго волумен на македонските аеродроми, побројни прелети на воздухоплови во македонскиот воздушен простор, поттикнување на спектарот на можности за патување до поголем број европски и светски дестинации, зајакнување на заштитата на патничките права, развој и унапредување на воздухопловните активности и покревање на нивото на безбедност во воздушниот сообраќај на македонското небо. Или, со други зборови, сите ние во Агенцијата ќе останеме посветени и доследни на нашата визија и мисија за профилирање и имплементација на интегрирано, безбедно, уредно, ефикасно и еколошки одржливо цивилно воздухопловство, достапно под еднакви услови за сите, потенцираше Тунтев.
Поздравувајќи ги досегашните развојни компоненти на АЦВ, директорот на EASA, покажа посебен интерес за целите и предизвици, кои пред себе ги имаат поставено воздухопловните власти, во соработка со Владата и останатите чинители на воздухопловната индустрија во земјава.
Потенцирајќи ги пак, местото и улогата на EASA во обезедувањето сигурен и безбеден европски воздушен транспорт, Ки, подвлече дека, моделот ЕASA се покажал како исклучително успешен и единствен модел во европски рамки, бидејќи, како што рече, во минатото, не постоел друг модел, освен FAA моделот на Соединетите американски држави.
-Денеска, секој нов модел што се развива во светот ги презема основите од EASA. Пример се земјите од Азија и Блискиот Исток кои одлучија да се базираат на моделот на Европската агенција за воздухопловна безбедност( EASA), подвлече Ки.
На состанокот, меѓудругото се разговараше и околу актуелните случувања во сферата на регулацијата на безпилотните летала и потребата од отворање на тренинг центар за пилотите на овие воздухоплови.
EASA, како што нагласи Ки, максимално е посветена и на создавање услови за тренирање на пилоти за воздухопловни летала, по примерот на Полска, каде веќе успешно функционира академија токму за едукација на оваа категорија на пилоти.
Првите луѓе на АЦВ и EASA, се осврнаа и тема -сајбер безбедност.
Во тој контекст, Ки, најави дека, тие како организација, веќе работат на регулатива за сајбер безбедност, која ќе биде усвоена веќе следната година.
На состанок во АЦВ, покрај со директорот Тунтев, Ки, оствари средба и со менаџерите на М НАВ, Николче Тасевски и Александар Палчевски, и со првите луѓе на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој и Неџат Курт, по што замина на средби со претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк