14.08.2019

Агенцијата за цивилно воздухопловство, како институција со сериозна општествено развојна свест останува доследна на градењето концепт  кој поттикнува здрави животни навики и развој на спортскиот дух кај сегашните и идните генерации.

За таа цел, Агенцијата викендов го поддржа одржувањето на манифестацијата од јавен интерес од областа на спортот-Меѓународен Олимписки пливачки маратон “Охридски бисери 2008”, кој  се одржа во Охридското Езеро.

Со силна позитивна енергија и квалитетни пливачки вештини, 20 тина натпреварувачи од земјава и пошироко, се вклучија во трките на 2,5, 5 и 10 километри, во машка и женска конкуренција. Победниците во трите категории, беа наградени со парични средства.

Агенцијата за цивилно воздухополвство и на оваа манифестација, беше присутна со свој штанд, на кој посетителите, но и учесниците во трките,  имаа можност да бидат дел од промотивните активности на институцијата.

Во знак на благодарност за поддршката која како институција му ја даде на овој интернационален спортски настан, Клубот на спортови на вода “Охридски бисери 2008” на АЦВ и врачи “Почесно признание за особен придонес во развојот и унапредувањето на пливачкиот спорт во Охрид”.

Во духот на современите европски движења кои значат, високо интегрирана свест за развој на организираниот спортски туризам во земјава, АЦВ, и во иднина, ќе продолжи да работи на зајакнување на партнерскиот однос меѓу спортот, заедницата и бизнис секторот, со една единствена цел, градење стабилно општество на мотивирана, здрава и еколошки ориентирана популација.

Промотивните активности на АЦВ, пред македонската јавност на значајни спортски настани низ земјава е во рамките на чествувањето на јубилејот 75 години од постоењето на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), јубилеен роденден, каков што заслужува  меѓународната организација(ICAO), чија членка е земјава веќе 25 години.

Одбележувањето на јубилејот, вработени од АЦВ, во изминатиов период, го искористија на присутни гости и учесници на спортско рекреативните хепенинзи и натпревари во разни спортски дисциплинида им поделат промотивни материјали “75 години ICAO” и да споделат со нив информации од делокругот на своето работење.

Во тој контекст, АЦВ, беа реализирани серија од промотивни и креативни активности на спортски настани како што се Мај Флај во Скопје, Охрид Трчат, спроведе и ликовен конкурс за децата од основните училишта во земјава на тема Воздухопловни летала на иднината и сега имаше чест да присуствува на интернационалниот маратон на 10 км Охридски бисери 2008.