TAIEX експертска мисија за истражување и пријавување на несреќи и инциденти во цивилното воздухопловство
16.09.2019
Во период од 10.09.2019 год. до 13.09.2019 год. во просториите на Министерство за транспорт и врски, беше организирана TAIEX експертска мисија, од страна на Европска комисија, за истражување и пријавување на несреќи и инциденти во цивилното воздухопловство.
Претставници од Агенцијата за цивилно воздухопловство, Министерство за транспорт и врски, Комитет за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, М-НАВ и ТАВ аеродроми беа дел од оваа експертска мисија која имаше за цел да овозможи совет и насоки за усогласување на националната легислатива со релевантната EU легислатива во областа на пријавување на настани, истражување на несреќи и инциденти во цивилното воздухопловство.
За време на мисијата беше направена комплетна анализа на постоечкиот систем кој е воспоставен во македонското цивилно воздухопловство како и на промените кои треба да бидат применети на истиот. Посебно внимание беше посветено на дел од измените кои треба да се воведат. Дел од споменатите новитетите беа:
- – Во ECCAIRS базата на податоци која се ажурира во АЦВ да се овозможи пристап и една Национална база на податоци со пријавени настани, инциденти, сериозни инциденти и несреќи во ECCAIRS системот на Комитетот за истражување на несреќи и инциденти во цивилното воздухопловство и истата во иднина да биде ажурирана од страна на експерти во АЦВ и Комитетот.
- – Поврзување на Националната база со Европскиот централен репозиториум ECR, што е предмет на одобрување од страна на Европската комисија.
- – Воведување на задолжително и доброволно пријавување на настани со унифицирани форми за пријавување во согласност со Европската регулатива 376/2014 со ADREP таксономија.
- – Иницијатива на АЦВ да организира обуки на воздухопловната индустријата за начинот на кој треба да ги пријавуваат настаните и користење на формите за пријавување.
Експертската мисија се одвиваше во работна и позитивна атмосвера во која имаше континуирана дискусија и размена на мислења. Експертот кој ја водеше TAIEX мисијата ги сподели и Австриските практики и искуства од областа.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк