Воздухоплови без екипаж
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НОВА РЕГУЛАТИВА ЗА ВОЗДУХОПЛОВИ БЕЗ ЕКИПАЖ
Агенцијата за цивилно воздухопловство донесе нов Правилник за воздухоплови без екипаж, кој што е објавен во Службен Весник на Република Северна Македонија број 115 од 2024 година. Со овој правилник се хармонизира националната регулатива со регулативите на Европската Унија во областа на условите за безбедно користење, давање на соодветни услуги и вршење на летачки операции со воздухоплови без екипаж и воздухопловни модели, стручната оспособеност на лицата кои управуваат со овие воздухоплови и со нив поврзаните системи и за стекнување на соодветни исправи, како и формата, содржината, евиденцијата и постапката за нивно издавање. Напоменуваме, дека новата регулатива ќе почне да се применува од 01.01.2025 година. До тогаш, Агенцијата за цивилно воздухопловство, по службена должност ќе изврши пререгистрација на досега регистрираните воздухоплови без екипаж и доколку во тој процес има потреба од дополнителни информации ќе ги контактира сопствениците на воздухопловите без екипаж.
Со оглед на тоа, дека со новиот Правилник за воздухоплови без екипаж во целост ќе се применува Регулативата на ЕУ 2019/945 од 12 Март 2019 година, за системи на воздухоплови без екипаж и за оператори од трети земји на системи на воздухоплови без екипаж и Регулативата на ЕУ 2019/947 од 24 Мај 2019 година за правилата и процедурите за оперирање на воздухоплови без екипаж, со истите можете детално да се запознаете на следниот линк: https://www.easa.europa.eu/en/document-library/easy-access-rules/easy-access-rules-unmanned-aircraft-systems-regulations-eu
Презентација за вовед во новата регулатива
Правилник за воздухоплови без екипаж
Подготовка за самообука за полагање на А1 / А3 испит за далечински пилот на Воздухоплови без екипаж (Опцијата за полагање преку интернет ќе биде достапна почнувајќи од 01.01.2025 година)
10 НАЈВАЖНИ РАБОТИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ДРОНОВИ
- Секогаш треба да се консултирате со Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) за упатствата и важечките прописи. До регулативите може да се пристапи на интернет страницата на АЦВ.
- Ако користите воздухоплов без екипаж во комерцијални цели или за сопствени потреби истиот треба да биде запишан во Регистарот на воздухоплови без екипаж кој го води АЦВ и да биде обележан со регистарска ознака, за што АЦВ издава Уверение за регистрација. Воздухопловот без екипаж од Класа 5 – која опфаќа воздухоплови без екипаж со MTOW поголема од 150 кг., се запишува во Регистарот за воздухоплови на АЦВ.
- Прочитајте го упатството за корисници темелно пред да ракувате со вашиот воздухоплов без екипаж.
- Проверете го вашиот воздухоплов без екипаж пред секој лет.
- Воздухоплов без екипаж не може дирекно да надлетува или да лета на растојание помало од 50 метри од луѓе на отворен или затворен простор.
- Воздухоплов без екипаж не може директно да надлетува или да лета на растојание помало од 100 метри од објектите од значење за безбедноста или објектите на државните органи.
- Во зона на спортските аеродроми и леталишта е дозволено летање на воздухоплови без екипаж на висина до 1000 ft (300 метри) над терен и во радиус од 1км околу аеродромот само со одобрение на операторот на аеродромот/леталиштето и претходна најава на Контролата на летање за активности на воздухоплови без екипаж.
- Во рамки на визуелна линија на видното поле, воздухоплов без екипаж може да оперира на максимално растојание од 500 метри хоризонтално и 100 метри вертикално од површината на земјата.
- Не летајте во близина на аеродром. Останете најмалку 8 км (5 милји) подалеку.
- Должни сте секогаш да го пријавувате летот на вашиот воздухоплов без екипаж на Апликацијата за летање со воздухоплов без екипаж. И запомнете дека сте далечински пилот и сте одговорни за безбедно летање и избегнување судири.
Почитувани,
Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба за условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонскиот воздушен простор (Службен весник на РМ, бр. 187 од 20.12.2017 година).
Согласно Уредбата, воздухопловите без екипаж потребно е да се регистрирани во Регистарот на воздухоплови без екипаж на Република Северна Македонија кој го води Агенцијата за цивилно воздухопловство.
За полесно да се одвива тој процес, во прилог ви ги доставуваме потребните информации, документи и барања за упис на воздухопловот во Регистарот.
-
- Барање за упис на воздухоплов без екипаж
- Барање за промена на Уверението за регистрација на воздухоплов без екипаж
- Уплатници
- Извод од Тарифник
- Директива за оперативна безбедност за лиценцирање на пилоти без екипаж
- Барање за полагање на испит за дозвола на пилот на воздухоплов без
екипаж - Уредба за воздухоплови без екипаж
- Изменување и дополнување на уредбата за воздухоплови без екипаж
- Извештај за оперирање на воздухоплови без екипаж за 2018 година
- Извештај за оперирање на воздухоплови без екипаж за 2019 година
- Извештај за оперирање на воздухоплови без екипаж за 2020 година
- Извештај за оперирање на воздухоплови без екипаж за 2021 година
- Извештај за оперирање на воздухоплови без екипаж за 2022 година
- Извештај за оперирање на воздухоплови без екипаж за 2023 година