Средба на директорот Тунтев со г-дин Танасоски, директор на Царинската управа
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д-р Томислав Тунтев, денеска оствари работна средба со директорот на Царинската управа, м-р Ѓоко Танасоски, во рамки на воспоставената практика за континуирана комуникација со најодговорните луѓе од сите субјекти во авиоиндустријата – даватели на услуги во воздушниот сообраќај.
На средбата двајцата соговорници изразија целосна подготвеност за продолжување на плодната и успешна соработка помеѓу воздухопловниот регулатор и давателот на царински услуги, во насока на подигнување на нивото на редовноста, уредноста и безбедноста на сообраќајот на македонските воздухопловни пристаништа. Тунтев го информира Танасоски за неодамна донесените измени и дополнувања на Законот за воздухопловство, со кои ќе се обезбеди усогласување на македонската воздухопловна легислатива со најновите меѓународни воздухопловни стандарди и препорачани практики, кои произлегуваат како обврска од Мултилатералната Спогодба за Европска заедничка воздухопловна област и Чикашката конвенција на ИКАО.
Тунтев и Танасоски, меѓу другото, се осврнаа и на потребите од регулирање и усогласување на одредени конкретни прашања и потреби од сферата на преземање соодветни мерки и активности за унапредување на царинската контрола на патници, багаж и карго на аеродромите. Исто така, беше потенцирана потребата од ефикасна соработка на воздухопловните сегменти и функционални системи што се инволвирани во одвивањето на воздушниот сообраќај на аеродромите, заедничките заложби за овозможување услови за континуиран пораст на физичкиот обем на сообраќајот, како и неопходноста од исполнување на сите преземени обврски кон релевантните меѓународни организации и институции од областа на воздушниот сообраќај и транспорт.
Двајцата соговорници го изразија своето нескриено задоволство и позитивните видувања во врска со остварениот значителен пораст на бројот на превезени патници и операции на воздухоплови на двете наши воздухопловни пристаништа, истовремено осврнувајќи се на неопходната потреба од техничко, инфраструктурно, технолошко, оперативно и кадровско унапредување на сообраќајно-технолошките процеси.
Првите луѓе на Агенцијата за цивилно воздухопловство и на Царинската управа ги потврдија заедничките заложби за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете институции во рамки на законски утврдените надлежности, кои треба да овозможат современи, безбедни, уредни и редовни аеродромски услуги. Тоа се однесува на воздушните превозници, како директни корисници на услугите на аеродромскиот оператор, и на патниците, со доследно почитување на нивните меѓународно загарантирани права, но и на позитивните воздухопловни и царински законски прописи.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк