Коронавирус ‘2019-nCoV’ Инфекции – Оперативни препораки

Применливост: Oператорите на воздухоплови и аеродроми и лица кои учествуваат во активностите во воздухопловните операции

Реф. Публикации:

Минстерство за здравство на  http://zdravstvo.gov.mk/

ЈЗУ универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби http://www.infektivnaklinika.mk/

Меѓународна цивилна воздухопловна организација(ICAO):

https://www.icao.int/Newsroom/Pages/Update-on-ICAOs-efforts-in-the-international-Coronavirus-response.aspx

https://www.capsca.org

Европски центар за превенција и контрола на болести (ECDC):
https://www.ecdc.europa.eu/en/novel-coronavirus-china

Светска здравствена организација (WHO):

https://www.who.int/news-room/detail/30-01-2020-statement-on-the-second-meeting-of-the-international-health-regulations-(2005)-emergency-committee-regarding-the-outbreak-of-novel-coronavirus-(2019-ncov)

https://www.who.int/ihr/ports_airports/locator_card/en/

https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019.

https://www.who.int/ith/2020-27-01-outbreak-of-Pneumonia-caused-by-new-coronavirus/en/

Опис:

По еволуцијата на појавата на Коронавирус ‘2019-nCoV’ во градот Вухан, Народна Република Кина (НР Кина), а врз основа на извештаите објавени од светската здравствена организација (WHO), ICAO и EASA се даваат препораки до Oператорите на воздухоплови и аеродроми и лица кои учествуваат во активностите во воздухопловните операции со цел да се намали ризикот од ширење на Коронавирусот ‘2019-nCoV’.

Внимателно се следи развојот на настаните поврзани со појава на коронавирус во Вухан (НР Кина) и активно вклучување на WHO, ICAO, Европската комисија (ЕC) и https://ec.europa.eu/info/departments/health-and-food-safety_en. Поради тоа, најновите насоки и препораки издадени од WHO, ICAO и ECDC треба да се земат во предвид во контекст на овие оперативни препораки.

Во исто време, безбедносните препораки опишана во овие оперативни препораки не ограничуваат  издавање на оперативна директива според Регулатива (ЕУ) 965/2012, Анекс II, ARO.GEN.135 (c).

Препораки:
Агенцијата го насочува вниманието на воздухопловната индустрија на информациите и упатства дадени од WHO, ICAO, ECDC, IATA како и Министрството за здравство и  ЈЗУ универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Особено, препораките на WHO за јавните здравствени власти и транспортниот сектор, вклучително и оперативни препораки за случај на патници кои имаат симптоми компатибилни со акутна респираторна инфекција.Oператорите на воздухоплови и аеродроми треба да обезбедат информации до членовите на екипажите и персоналот на аеродромот во врска со управувањето со случајот со акутна респираторна инфекција во воздухоплов.

Операторите на воздухоплови треба на членовите на екипажот кој преноќува во НР Кина да му обезбедат дополнителни информации и материјали,  препорачани од кинеските власти за нивните локални жители поврзани со горенаведената појава.

Операторите на воздухоплови кои изведуваат патнички летови до или од погодените земји (види Белешка 1) треба да бидат опремени со еден или повеќе универзални комплети за претпазливост (UPK). Таквите комплети треба да се користат за заштита на членовите на екипажот кои помагаат со потенцијално заразени случаи на осомничени лица и при чистење и правилно складирање на какви било потенцијални инфицирани материјали

Белешка 1: Засегнати земји се сметаат  НР Кина и други земји каде што пренесувањето на инфекција со коронавирусна инфекција 2019-nCoV од човечки на човек е потврдено без историја на патување во НР Кина, во согласност со најновиот извештај (https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019/situation-reports/) за состојбата објавен од WHO.

Операторите на воздухоплови треба да ги охрабрат своите вработени и членови на екипажот да ги идентификуваат патниците со следниве критериуми: кои имаат знаци и симптоми индикативни за акутни респираторни инфекции и биле во НР Кина или биле во директен контакт со луѓе што доаѓаат од НР Кина во последните 14денови. Во случај на идентификација на таков сомнителен патник, екипажот треба да:

  1. ја пополни декларацијата за воздухопловот во делот за здравствена состојба со регистрирање на здравствените информации на воздухопловот и да ја достави на влезната точка на здравствените власти кога тоа го бара државниот претставник;
  2. ги замолат ги патниците да ги пополнат формуларите за лоцирање на патниците за да се соберат информации за положбата на патниците во авионот, како и други информации
    во врска со нивните непосредни планови за патување и деталите за контакт. Информациите се наменети за јавните здравствени власти во согласност со важечкиот закон и треба да се користат само за овластени јавни здравствени цели. Може да се преземе формулар за лоцирање на патници тука; https://www.who.int/ihr/ports_airports/locator_card/en/
  3. им препорачуваат на патниците да се само-пријават доколку се чувствуваат лошо и ако ги исполнуваат критериумите претходно споменати; и
  4. ги следат ги основните принципи за да се намали генералниот ризик од пренесување на акутна респираторна инфекција како што е претставено од WHO во нивните совети за патувања https://www.who.int/ith/2020-24-01-outbreak-of-Pneumonia-caused-by-new-coronavirus/en/

Oператорите на воздухоплови и аеродроми треба да соработуваат што е можно повеќе со јавните здравствени власти во обезбедувањето и поддршка во детектирање и пронаоѓање на патниците и епидемиолошките истраги во случај на летови каде е потврдена инфекцијата Coronavirus ‘2019-nCoV.