Работен состанок на преставници на АЦВ, М-НАВ, ТАВ и EUROCONTROL, за реализација на проектот “Поддршка на цивилното воздухопловство”
На 12 февруари 2020 година, во Агенцијата за цивилно воздухопловство се одржа редовен координативен состанок меѓу претставници од АЦВ, М-НАВ, ТАВ и EUROCONTROL, во врска со реализацијата на проектот “Поддршка на цивилното воздухопловство”, кој оваа меѓународна организација го реализира за потребите на нејзините земји членки.
Целта на состанокот беше, изготвување на преглед на активностите кои беа реализирани во текот на 2019 тата година, како и дефинирање на дополнителните активности кои согласно утврдените потреби на АЦВ, М-НАВ и ТАВ, треба да бидат реализирани во периодот од 2020 до 2022 година.
Директорот на АЦВ, д-р Томислав Тунтев, на високите гости им изрази голема благодарност за поддршката која EUROCONTROL ја дава, како на АЦВ, така и на останатите засегнати страни, во цивилното воздухопловство во земјава, при реализацијата на процесот на транспозиција и имплементирање на барањата за Единственото европско небо.
Од страна на претставниците на EUROCONTROL, беше потенцирано дека единствено Република Северна Македонија има целосна реализација на предвидените активности за 2019 година.
На состанокот, меѓудругото, беа дефинирани и активностите кои треба да се реализираат во периодот 2020 – 2022 година, како поддршка од страна на EUROCONTROL на Република Северна Македонија, во процесот на транспонирање и имплементирање на ЕУ Регулативите 2017/373, 2014/139, 376/2014, 996/2010 и други.
Поддршката опфаќа имплементација на барањата за воспоставување на PBN, преку ревизија на постојниот план и изготвување на транзиционен план во консултација со EUROCONTROL, како и активности во делот на имплементација на Европскиот план за превенција од runway excursion.
Во претстојниот период, интензивно ќе се работи и на изготвување на нов Стратегиски бизнис план за потребите на М-НАВ како – давател на услуги на воздухопловна навигација, и на планирањето и имплементацијата на АТМ мастер планот.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк