Почитувани корисници на услугите на АЦВ,

 

Во согласност со заклучоците донесени на Деветнаесеттата седница на Владата на Република Северна Македонија од 14 март 2020 год., Директорот на АЦВ донесе одлука за воведување на посебен начин на организирање на работењето и функционирањето на АЦВ во наредниот едномесечен период, почнувајќи од понеделник, 16.03.2020 год., со максимално редуцирање на бројот на вработени во просториите на АЦВ и на нивното работно време. Притоа, најголем дел од вработените своите работни задачи ќе ги извршуваат од дома, без да биде доведено во прашање редовното и уредното и функционирање на АЦВ.

 

Во наредниот едномесечен период ќе се избегнуваат средби и било каква лична комуникација со странки и лица од надвор во службените простории на АЦВ, освен при неодложна потреба за тоа и со посебни строги мерки на превентивно делување. Ве молиме сите Ваши прашања да ги поставувате, и сите Ваши барања да ги доставувате по електронски пат, на официјално објавените адреси на електронската пошта за контакт со АЦВ или во непосредна комуникација по телефон преку применливи апликации. Непходната документација што ќе биде изготвена од страна на АЦВ, ќе им биде доставена на странките на нивната адреса. Ве молиме да ги користите електронските услуги што ги дава АЦВ на својата интернет страница и да се воздржувате од непотребно доаѓање во службените простории на АЦВ.

 

Ви стоиме на располагање на сите Вас корисници на услугите на АЦВ и Ви благодариме за разбирањето и соработката.

 

Со почит,

Агенција за цивилно воздухопловство