Преместување во пониска класа
Преместување на место од пониска класа
Определени авиопревозници – најчесто оние кои се специјализирани за долги летови – нудат билети со различни класи, прва класа, економска класа, бизнис класа итн. Патниците кои сакаат да летаат со некоја од повисоките класи вообичаено плаќаат и повисока цена за нивниот билет.
Меѓутоа понекогаш иако патникот резервирал и платил билет за определена класа авиопревозникот не ве сместува во класата за која сте платиле и ве принудува да се сместите во место од пониска класа. Оваа ситуација е позната како преместување на место од пониска класа.
Што ви следува доколку сте преместени на место од пониска класа?
Доколку сте преместени на место од пониска класа тогаш авиопревозникот треба да рефундира одреден процент од цената на делот од летот во прашање. Процентот варира зависно од растојанието на односниот лет.
Доколку сте преместени на лет од:
- 1500км или помалку тогаш 30% од цената на летот во прашање треба да биде рефундирана
- 1500км до 3500км тогаш 50% од цената на летот во прашање треба да биде рефундирана
- Повеќе од 3500км тогап 75% од цената на летот во прашање треба да биде рефундирана
Сместување на место од повисока класа
Повремено авиопревозникот ќе ве смести во класа повисока од онаа за која е купен билетот, односно ќе ве смести на место од повисока класа. Ако вашиот авиопревозник го стори тоа треба да знаете дека за тоа не сте обрзани за дополнително плаќање на разликата на цената на билетот.