информации од јавен карактерНекомерцијални операции со комплексни воздухоплови

Регулативата на Комисијата (ЕУ) бр. 965/2012 (Правилник за летачки операции, СВ на РСМ 283/2020) за утврдување на технички барања и административни процедури во врска со воздушните операции, која што е изменета со Регулативата на Комисијата (ЕУ) 800/2013 објавена на 14 август, 2013 година ги вклучува барањата за некомерцијално работење со комплексни воздухоплови на моторен погон (Part-NCC). Операторите на комплексни авиони со моторен погон (CMPA) и хеликоптери вклучени во некомерцијални операции ќе ги декларираат нивните способности и начините за исполнување на нивните одговорности поврзани со воздухопловните операции и во поглед на управувањето со воздухопловите во согласност со одредбите наведени во Анекс III (Part-ORO), Анекс VI (Part-NCC) и Анекс V (Part-SPA) на Регулативата на Комисијата (ЕУ) бр. 965/2012. Овие правила во Република Северна Македонија се применуваат од 01 април 2021 година.

 

Дефиниција за комплексен воздухоплов со моторен погон:

„ комплексен воздухоплов со моторен погон “ значи:

  • авион: со максимална сертифицирана маса на полетување поголема од 5 700 кг, или сертифицирана за максимална конфигурација на патнички седишта повеќе од деветнаесет, или сертифициран за работа со минимум екипаж од најмалку двајца пилоти, или опремени со турбо-млазен мотор (и) или повеќе од еден турбопропелерски мотор, или
  • хеликоптер сертифициран: за максимална маса на полетување поголема од 3 175 кг, или за максимална конфигурација на патнички седишта повеќе од девет, или за работа со минимум екипаж од најмалку двајца пилоти, или
  • воздухоплов со променлив агол на роторот.

 

Оператори или сопственици на воздухоплови на кои се однесува регулативата:

а) Сите оператори кои работат / управуваат со некомерцијални операции со комплексни воздухоплови регистрирани во МКД регистар на воздухоплови чиешто главно место на деловна активност или престој е во Македонија;

б) Сите оператори кои работат / управуваат со некомерцијални операции со комплексни воздухоплови регистрирани во МКД регистар на воздухоплови чиешто главно место на деловна активност или престој е во Македонија и воздухоплови стационирани надвор од Македонија.

 

Процес на декларација

Одговорност на операторот / сопственикот е да достави Образец за декларација (OPS- FRM-022 DECLARATION SPO and NCC англиско-македонска) до МКД АЦВ. Образецот за декларација се пополнува во целост и се доставува на верификација. МКД АЦВ ќе го потврди приемот на декларацијата во рок од 10 дена по приемот на истата.

Освен информациите што ги бара формуларот за Декларација, операторите треба да ги достават и следниве документи: –

а) NCC.IDE за авиони или хеликоптери (како што е применливо)

б) Список на минимална опрема (МЕL);

в) Потребни обрасци за апликација за специфични одобрувања (SPA);

г) Листа за проверка со изјава за усогласеност (OPS-CHK-022 Листа за проверка и изјава за усогласеност -ДЕЛ NCC)

 

За дополнителни информации, сите оператори / сопственици на воздухоплови можат да се обратат до МКД АЦВ на: info@caa.gov.mk

 

Skip to content