Тим од воздухопловни инспектори од АЦВ, ќе присуствува на Skopje Air Fair во Градскиот парк
Тим од инспектори од Агенцијата цивилно воздухопловство, в недела 13 ти ноември, ќе земе активно учество, на Воздухопловниот академски и кариерен саем, Skopje Air Fair, кој во организација на невладината организација АВИКОН, по втор пат, ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје.
Целта на Саемот, како што наведуваат организаторите, е промоција и популаризација на воздухопловните професии кај младата популација, која на едно место во исто време, ќе има можност интерактивно да се вклучи во спознавање на професиите, контролор на летање, пилот, воздухопловни инженери, инспектор за безбедност во авиосообраќајот и други видови воздухопловен персонал.
Стручниот воздухопловен кадар пак, од своја страна ќе се обиде да ја задоволи љубопитноста на голем број млади посетители, кои сакаат да ги спознаат вештините и знаењата со кои располагат носителите на овие значајни позиции во воздухопловниот сектор.
Со кои се предизвици треба да се соочат за да стигнат до пилотска дозвола, како да се стекнат со сертификат за контролор на летање, кои се надлежностите на инспекторите за безбедност во воздушниот сообраќај и многу други прашања и одговори, присутните ќе можат да добијат, на промотивните пултови на субјектите од воздухопловната индустрија и надлежните воздухопловни институции.
Агенцијата за цивилно воздухопловство на саемот, годинава на својот промотивен пулт, ќе биде застапена преку тим од инспектори за надзор над безбедноста и обезбедувањето во воздушниот сообраќај во земјава, за аеродромски услуги, како и за заштита на правата на патниците во воздушниот транспорт.
Воздухопловниот академски и кариерен саем годинава добива и интернационален карактер, па покрај домашните воздухопловни институции, свое присуство потврдија и преставници на унгарската авиокомпанија WIZZAIR, со членови на пилотската кадет програма, како и високи гости од Воздухопловната Академија на Србија.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк